Крај на 16-годишното владеење на Ангела Меркел: Кариерата низ фотографии
Ангела Меркел не беше безгрешна германска канцеларка, но нејзиното име и презиме ќе останат засекогаш запаметени во 21 век.
По професија научник, таа одлучи да стане политичар во 90-тите години на минатиот век, кога Германија и остатокот од светот радикално се менуваа. За прв пат беше именувана за канцеларка во 2005 година и тоа остана во следните 16 години.
Се смета за најзаслужна што Германија стана економска сила и најважна држава во Европа. Не и беше лесно бидејќи мораше да управува со земјата во текот на три големи кризи: рецесијата во 2008 година, мигрантската криза од 2015 година и кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Тоа што беше 16 години канцеларка е одраз на довербата и задоволството на Германците со нејзината работа.
По 16 години таа се пензионира откако претходно во октомври, 2018 година изјави дека четвртиот мандат ќе биде последен.