КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШПАНИЈА 2021

Крај на мундијалскиот сон: Ракометарките вторпат убедливо надиграни од Романија

Женската ракометна репрезентрација на Македонија и на реваншот во Скопје загуби убедливо од Романија со што и дефинитивно е елиминирана на последната пречка пред Мундијалот.

Фото: МИА

Откако на првиот натпревар во Букурешт пред четири дена загубивме со 11 голови разлика (33:22), денеска во Скопје ниту се случи чудо, ниту пак бевме блиску и до минимална победа.

Самоуверените Романки буквално ја прегазија нашата репрезентација и со уште повисока разлика од 15 голови го прославија пласманот на Мундијалот кој во декември ќе се одржи во Шпанија.

Во победата од 35:20 најефикасна на паркетот беше Лаура Моиса со 8 голови, а зад неа со 6 беше нашата Елена Ѓеорѓиевска.

Женската репрезентација нема настап на Мундијал од 2007 во Франција кога последен пат учествувавме. Во изминативе три квалификациски циклуси секогаш не успеваме да ја минеме таа последна пречка, овој пат поради Романија, а претходно губевме од Словенија и Шведска.

Романија е единствената репрезентација во светот која има настапувано на сите Мундијали, а годинава на 25-тиот ќе го запише и своето 25-то учество.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе