Крајбрежната грчка служба и спасувачите продолжуваат со потрага по исчезнатото момче на Халкидики

Иако предвидениот рок за потрага и спасување измина, сепак потрагата на Халкидики по исчезнатото момче од Северна Македонија продолжи и денес, со еден патролен чамец на Крајбрежната служба на Грција и со учество на спасувачки тимови и волонтери, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на МИА, пракса на грчката крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена, меѓутоа како што вчера соопштија од нашето Министерство за надворешни работи овој рок е продолжен по телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дедниас.

– За време на разговорот Османи замоли за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот, соопштија од МНР и додадоа дека шефот на дипломатијата упатил благодарност за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, кои се вклучени во потрагата.

Разговорот бил по формалното упатување на нота до Министерството за надворешни работи на Грција со молба за продолжување на потрагата.

Спасувачката акција започна во саботата попладне и трае веќе четврти ден, додека пак вчера, според грчките медиуми, во потрагата бил вклучен и подводен дрон, но без резултат.

На Халкидики е и мајката на исчезнатиот М.Ј., а потрагата ја следи и генералниот конзул во Солун.

Двајцата спасени македонски државјани веќе се во Северна Македонија, 25-годишниот Васил завчера беше отпуштен од болницата на Халкидики, додека пак 30-годишниот Иван вчера ја напушти солунската болница.

Спасувачката акција и потрагата започнаа во саботата во попладневните часови, кога тројцата државјани на Северна Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.

Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.

Еден од тројцата пријатели, беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак во неделата, по околу 20 часа во морето беше пронајден и 30-годишниот Иван. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе