Кралот на Холандија повеќе нема да се вози во златната кочија поради расистички украси

Б.С.Б.
/ 17.01.2022 / 10:59

Кочијата на холандското кралско семејство, оспорувана затоа што е украсена со расистички прикази, повеќе нема да се користи, објави кралот Вилем-Александер. Кочијата е навредлива за голем број луѓе.

„Не може да го промениме минатото, но можеме заедно да се обидеме да се помириме со него“, изјави кралот за Златната кочија.

Тој рече дека нема да се користи се додека колонијалната историја на Холандија е контроверзна.

„Златната кочија повторно ќе се вози дури кога Холанѓаните ќе бидат подготвени за тоа, што моментално не е случај“, објасни тој.

Кочијата е еден од симболите на монархијата во оваа земја, но за многумина симболизира расизам и репресија во колонијалното минато долго 200 години. Критичарите велат дека едната страна од кочијата е декорирана со приказ кој го слави колонијалното минато на Холандија.

Контроверзната слика на кочијата прикажува бела жена седната на трон на која полуголи луѓе од африканско потекло пред нозете ѝ положуваат дарови. Контроверзиите за кочијата постојат долго време, посебно затоа што во неа се вози монарх.

Кочијата не се користи од 2015 година, кога по скоро 125 години употреба е однесена на рестарвација. Последните 6 месеци беше изложена во музеј во Амстердам, но во наредните месеци изложбата се затвора.

Кочијата е подарок од градот Амстердам за кралицата Вилхелмина во 1898 година.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе