Крцкаво евтино јадење: Шунка и кашкавал меѓу два слоја тиквички и презла

Љубителите на тиквички ова јадење ќе ги воодушеви, а останатите ќе ги предизвика да му дадат шанса.

Едноставните јадења секого освојуваат на прв залак, но освен поради вкусот луѓето ги освојува и леснотијата на подготвувањето на јадењата. Доколку сте љубител на тиквички, тогаш дефинитивно треба да го пробате овој рецепт. Помеѓу два слоја зеленчук се наоѓа кашкавал и шунка, а ова вкусно јадење можете да го служите и за ручек, но и за вечера. Состојките се евтини, а повеќето веќе ги имате дома.

Потребни состојки:

  • 4 тиквички
  • 3 јајца
  • 1 младо кромитче
  • 120 гр брашно
  • 6 парчиња шунка (или друга салама)
  • кашкавал (вид по ваш избор)
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • маслиново масло
  • презла
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги да отстојат 20 минути, па потоа добро процедете ги. Соединете ги со јајцата, додадете им сечкан млад кромид, посолете и побиберете. Измешајте, па сипете брашно и прашок за печиво. Повторно измешајте. Огноотпорен сад намачкајте со маслиново масло, посипете со презла, па сипете половина од количината на смесата од тиквички и рамномерно распоредете ја. Над неа наредете шунка и кашкавал, па уште еден слој од смесата и истата израмнете ја. Посипете со презла, турете малку маслиново масло и печете во рерна на 200°C околу 40 минути.

Remote video URL
Тагови
реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Рецепти

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Read more

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Read more

Палента со сос од печурки - супер предлог за ручек

Read more
Зачинето пилешко со црвен пипер

Зачинето пилешко со црвен пипер

Read more
 

Магазин

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Читај повеќе

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Читај повеќе