Крис Хемсворт ќе мине низ најголемата физичка трансформација за Хулк Хоган

Познатиот актер Крис Хемсворт се подготвува за најголемата трансформација низ која ќе мине за улогата на еден од најпознатите кечери на сите времиња, Хулк Хоган.

Во улогата на легендарниот кечер 36-годишниот Хемсворт ќе се претстави во најдоброто физичко издание, односно ќе ја направи најголемата физичка трансформација досега.

Во интервју за Total Film, австралискиот актер изјави дека ова ќе биде навистина добар проект.

„Како што може да замислите, ќе биде потребна неверојатна физичка подготовка за филмот. Ќе мора да ја зголемам телесната маса многу повеќе отколку што се подготвував за улогата на Тор“, изјави Хемсворт.

Покрај физичката промена, актерот ќе мора да работи и на тоа да изгради став на борач, како и да го совлада неговиот акцент на говор.

Хемсворт вели дека е возбуден поради целиот проект, дека се радува на трансформацијата низ која ќе мине и додаде дека има уште доста време до снимање на филмот, со оглед на тоа што тој уште го нема видено сценариото.

Сепак, според мислењето на некои критичари, Хемсворт не е доволно силен да ја глуми улогата на Хоган, но актерот е подготвен да го прифати предизвикот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Филм & ТВ

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе