Кристоф Валц е шеф од пеколот во мрачната серија The Consultant
Ликот на Кристоф Валц во серијата The Consultantе е кошмар за секој корпоративен службеник во ерата на пандемијата.
„За оние кои работат од далечина, имате еден час да стигнете овде, или ќе бидете отпуштени“, вели тој во трејлерот за мрачната хумористична-трилер серија што ќе има премиера на 24 февруари.
Ликот на Валц е консултант ангажиран за подобрување на работењето во компанијата за игри базирана на апликации CompWare, каде вработените се соочуваат со нови барања и предизвици кои ставаат сè на коцка, вклучително и нивните животи. Во актерската екипа се и Нет Волф како Крег, Британи О’Грејди како Елејн и Ејми Кареро како Пети.