Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот „Ораница“, е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето по должината на течението на реката, но и за флората и фауната. Ова го истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

„Извештајот покажува неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратното зголемено присуство и концентрација на тешки метали, поточно количината на олово во водата. Дополнително, за неколку стотици пати е зголемена концентрацијата на цијанид, фосфор и азот во Крива Река“, рече градоначалникот.

Нагласи и дека како резултат на ова загадување загрозена е и почвата по текот на овие две реки, и на реката Пчиња, но и на земјоделските насади што се наводнуваат од овие подрачја. Во ризик е ставено и здравјето на луѓето што ќе ги јадат овие земјоделски и сточарски производи, предупреди градоначалникот.

За ова загадување Општината ќе бара и кривична одговорснот. Гo повикуваат јавниот обвинител итно да преземе мерки за сторителот на ова загадување по повеќе точки од Кривичниот законик.

реклама

Македонија

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Read more

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Read more

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Read more

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Read more
 

Вести

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Објавени последните зборови на папата

Читај повеќе

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Читај повеќе

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Читај повеќе

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Читај повеќе

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Читај повеќе

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Читај повеќе