Хроника

Кривична пријава против осум лица за поседување дрога

8. декември 2019 - 13:27 | МИА

Скопје, 8 декември 2019 (МИА) – На 07.12.2019 во 21:45 часот, полициски службеници од СВР скопје на ул.„Кеј 13 Ноември“ од слобода го лишиле С.Ѓ.(26) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.12.2019 во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во реонот на Гази Баба од слобода го лишиле лицето Љ.Ј.(35) од Велес, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.12.2019 во 22:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Кочо Рацин“, од слобода ги лишиле П.С.(19) од Радишани – Скопје и Д.Ѓ.(19) од Скопје, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.12.2019 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на паркинг просторот пред Спортски центар „Борис Трајковски“, од слобода го лишиле В.С.(39) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.12.2019 во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Бледски договор“, од слобода го лишиле С.З.(25) од с.Мирковци, скопско, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Куманово на 03.12.2019 година поднесе кривична пријава против Е.А. (27) од с.Арачиново, скопско, поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.12.2019, на локален пат од с.Никуштак кон с.Грушино, полициски службеници извршиле претрес на пријавениот и патничко возило „BMW“, со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле хероин.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.А.(33) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.03.2019 полициски службеници извршиле претрес на пријавениот и патничко возило „пежо“, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и метадон.

Коментирај