Кривични пријави и притвор за Емил Јакимовски кој се закануваше на новинарки

Две кривични пријави, во брза постапка, заработи  Емил Јакимовски кој завчера беше приведен по пријава за семејно насилсто. Јакимовски, од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје вчера попладне доби и притвор во траење од осум дена.

Од Јавното обвинителство информираат дека, надлежниот јавен обвинител побарал притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото или да го изврши кривичното дело со кое се заканувал.

МВР претходно соопшти дека Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по претходни извршени консултации со ОЈО Скопје, поднесе две кривични пријави против Е.Ј.

-Едната кривична пријава е за сторени две кривични дела и тоа “Загрозување на сигурноста” по чл. 144 став 2 од КЗ и “Неизвршување на судска одлука” по чл. 377 став 5 од КЗ. Втората кривична пријава е исто така за сторени две кривични дела “Загрозување на сигурноста” по чл. 144 став 4 од КЗ, информира МВР.

Притвореникот како поранешен сопруг на една оштетена, во периодот од декември 2019 година до 16 јануари 2020 година и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице. Притоа, тој не го почитувал Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое била издадена наредба – Привремена мерка за заштита на правата на оштетената од семејно насилство, односно и покрај судската забрана постојано психички ја вознемирувал и ѝ се заканувал.

За Јакимовски претходно имаше пријави до полицијата од новинарките Мери Јордановска од А1он и Искра Коровешовска од ТВ Алфа за навреди и закани преку социјалните мрежи.

Според ЈО, во временскиот период од ноември 2019 година до 13 јануари 2020 година, по пат на информатички систем им се заканувал на новинарките дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку СМС пораки и мобилни апликации, па оштетените се почувствувале дека им е загрозена личната и сигурноста на нивните семејства.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Хроника

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Read more

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Read more

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Read more

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе