Крокодил против анаконда: Кој би ја добил битката на двата моќни влекачи?

Ќе ги споредиме телата, силата и способностите на секое од овие животни, а потоа ќе дојдеме до заклучок кој влекач има поголеми шанси да победи.

Погледнете ги снимката на фотографот на дивиот свет, Андреј Гудков, кој снимил жестока тепачка меѓу крокодили и анаконди во Мату Гросу, Бразил. Како да знаеме кој рептил победил во оваа борба?

Ќе се обидеме вака: ќе ги споредиме телата, силата и способностите на секое од овие животни, а потоа ќе дојдеме до заклучок кој влекач има поголеми шанси за победа.

Големина

И анакондите и крокодилите се исклучително големи суштества. Анакондата може да тежи до 250 килограми и да биде долга до 7 метри (најдолгата досега измерена била 30 метри, но тоа е исклучително ретко) со дијаметар на телото од 30 сантиметри.

Крокодилот е помасивен, може да тежи 900 килограми и да биде долг 6 метри.

Значи, кога станува збор за големината и тежината, предноста е на страната на крокодилот.

Брзина

Анакондата не е позната по својата брзина. Може да се движи со брзина од околу 2 метра во секунда на кратки растојанија на копно и 4 метри во секунда во вода. Не е многу брзо, особено ако се има предвид дека крокодилот може да се движи со брзина од околу 9 метри во секунда на копно со кратки налети и 6 метри во секунда во вода.

Значи, крокодилот има предност и во однос на брзината.

Моќ на загриз

Анаконда може да има повеќе од 100 заби, а силата на нејзиниот загриз е огромна: 90 PSI. Тоа е повеќе од доволно за да се скрши човек, а оваа моќ ја користи кога лови животни многу поголеми од себе.

Сепак, крокодилот од сите животни во светот го има најсилниот измерен ззагриз од 3.700 PSI.

Сепак, со оглед на големината на вилиците на анакондата, оваа категорија ќе ја прогласиме за нерешена.

Сетила

Анакондите, како и повеќето други змии, се познати по своите сетила. Имаат јамкасти органи кои им помагаат да ја почувствуваат температурата на пленот, а многу се чувствителни на хемикалиите во воздухот и вибрациите во нивната околина.

Како и другите влекачи, крокодилите имаат развиени сетила. Тие можат да детектираат промени во притисокот и вибрациите, а исто така имаат одличен ноќен и подводен вид.

Сепак, сетилата на анакондата се поостри и таа побрзо би го открила присуството на крокодил отколку тој нејзиното, и тоа во повеќето средини.

Кога станува збор за сетилата, предноста оди кај анакондите.

Одбранбени тактики

Иако се големи, анакондите немаат одбранбени тактики. Тие се големи и мускулести, но не се премногу брзи. Напаѓаат со глава, а подоцна се обвиткуваат околу жртвата, но немаат некоја посебна техника со која го бранат своето долго тело кога ќе бидат нападнати.

Крокодилите имаат цврсти крлушки кои го штитат нивното тело, па затоа е тешко некој да ги гризне.

И анакондите и крокодилите се неверојатно добри во нивните методи на борба. Анакондата лови од заседа, каснува, а потоа го обвиткува телото околу пленот, вршејќи неверојатен притисок.

Крокодилите напаѓаат ненадејно, го гризат непријателот и го спречуваат да избега, бидејќи со својот силен залак може да го здробат делот од телото за кој го каснале пленот. Ако го фатат непријателот со вилиците за главата или вратот, само ќе продолжат да го стискаат додека не го убијат. Ако го фатат за друг дел од телото, ќе го превртуваат додека не го откинат заробениот дел.

Ќе се согласите дека и двете животни се моќни, но бидејќи анакондата има повеќе слаби точки - таа е побавна и нејзиното тело е незаштитено, тука победува крокодилот.

Победникот е...

Во борбата меѓу крокодили и анаконди, од сѐ што е приложено, победата најверојатно би ја извојувал крокодилот.

Возрасен крокодил е едноставно преголем и премногу силен за анаконда да го убие. Дури и да го нападне од заседа и да се замота околу неговото тело, тој би можел да ја спречи да се движи со тоа што ќе ја здроби.

Исто така, анакондата напаѓа со главата - што значи дека главата би била најблиску до најсилниот пар вилици на светот. Крокодилот веројатно би ја гризнал за главата, со тој загриз би ја здробил, а потоа би продолжил да ја раскинува.

Сепак, можно е и анакондата да го убие крокодилот доколку се најде во идеални околности.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе