Крунисана новата кралица на Маорите

Најмалото дете и единствената ќерка на кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска беше прогласена за нова кралица на Маорите.

Кралот на Маорите Тухеитија Поотатау Те Вирохеро почина на 30 август, само неколку дена по прославувањето на 18-годишнината од неговото крунисување. Текау-маа-руа, совет од 12 претставници, ја прогласи неговата 27-годишна ќерка Нга Ваи Хоно И Те По за нов монарх. Таа е осмиот монарх на Маорите и втора жена што ја има оваа титула.

Првата жена на таа позиција беше нејзината баба Те Арикинуи Те Атаирангикааху која почина во 2006 година.

Улогата на маорскиот монарх не е автоматски наследна, но сите претходни кралеви и кралици биле директни потомци на нивните претходници.

Новата кралица беше крунисана на церемонија позната како Те Вакавахинга, додека десетици илјади луѓе се собраа на погребот на починатиот крал Тухеитија. Неговиот ковчег беше однесен по реката Ваикато со флота кануа до неговото последно почивалиште на светата планина Таупири.

Remote video URL
Илјадници луѓе се простија од кралот

Илјадници луѓе се редеа по патиштата и реките што водат до планината, изведувајќи хака (церемонијален танц) и вајата (пеење) за да се збогуваат со кралот. Неговата вдовица беше придружувана до планината од страна на одбранбените сили на Нов Зеланд и колона од 100 велосипеди, пред да го однесат неговиот ковчег до врвот на јажиња.

Новозеландскиот премиер Кристофер Луксон во изјава рече дека кралот имал големо влијание врз многу животи.

„Киинги Тухеитија беше скромен лидер кој му служеше на својот народ со мудрост, мана (авторитет) и непоколеблива посветеност на Котахитанга (единство). Новата кралица ќе ја носи ‘мантијата на лидерство што ја остави нејзиниот татко’“, рече Луксон. „Патот напред е осветлен со големото наследство на Киинги Тухеитиа.“

Киингитанга (Движење на маорските кралеви) е основано во 1858 година со цел да ги обедини Маорите под еден суверен. Маорските монарси немаат правна моќ, но играат голема симболична и културна улога на единство и национално влијание.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Британија се враќа во Европа: Пу, пу, не важи Брегзит

Read more

Свет

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната

Read more

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Read more

Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин

Read more

Нетанјаху најави целосна окупација на Газа: Ќе преземеме сè, а помошта ќе биде минимална

Read more
 

Вести

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната

Читај повеќе

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Читај повеќе

Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани со македонското писмо и јазик

Читај повеќе

Со што се дрогираат Македонците?

Читај повеќе

Нетанјаху најави целосна окупација на Газа: Ќе преземеме сè, а помошта ќе биде минимална

Читај повеќе

Британија се враќа во Европа: Пу, пу, не важи Брегзит

Читај повеќе
benzinska.jpg

Горивата поскапуваат од полноќ

Читај повеќе