Кукуреља со антиреклама за Puma: Во најава катастрофа на познатиот бренд

Скандалот со копачките на фудбалерот на Челси, Марк Кукуреља добива сѐ поголемо значење, а британските медиуми најавуваат дека може да биде вистинска катастрофа за светски познатиот бренд Puma.

Марк Кукуреља направи вистинско шоу со копачките на лондонското дерби против Тотенхем. Тој како амбасадор на Puma имаше можност да ги облече најновите чизми пред официјалното претставување, но ги рекламираше на најлош можен начин.

Кукуреља двапати се лизна на почетокот на натпреварот и двата пати Тотенхем постигна гол. За сѐ ги обвини новите копачки, па во агонија ги смени по неполни 20 минути игра. Ги облече старите копачки и веднаш асистираше за голот на Челси.

За скандалот да биде уште поголем, Кукуреља по натпреварот објави стори на Instagram, каде што можеше да се види како ги фрлил копачките во корпа за отпадоци. Набрзо ја избриша објавата, но предоцна, бидејќи фотографијата го обиколи светот.

Puma сѐ уште официјално го нема претставено овој нов модел на копачки, а претставувањето е закажано за Божик. Вредноста на новите копачки наречени Future 8 е 265 евра, а нивниот амбасадор Кукуреља се погрижи малкумина да ги купат.

Угледниот британски Daily Mail објави дека се очекува вистинска катастрофа во продажбата на Future 8 копачките. Угледната германска компанија за спортска облека веќе е под притисок откако не ги исполни очекувањата со продажбата во третиот квартал од годината, а сега новите копачки се покажаа како лоша опција, барем во случајот со каталонскиот фудбалер.

Future 8 се рекламираат како специјализирани за три квалитети на теренот - приспособливост, движење и контрола. Но, Кукуреља не покажа ниту еден од тие атрибути при нивното лансирање и се заврши со тоа што ги фрли в канта.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе