Култната „The Passenger“ на Иги Поп доби видеоспот по 43 години

Популарната песна „The Passenger“ на Иги Поп и гитаристот Рики Гардинер, снимена и објавена на албумот „Lust for Life“ на Иги од 1977 година, конечно доби видеоспот, 43 години подоцна.

Видеоспотот е во режија на Сајмон Тејлор, монтиран во Tomato Studio.

Песната беше објавена и на Б страната на единствениот сингл од албумот, „Success“. Како самостоен сингл беше објавена во март, 1998 година, кога се искачи на 22. место на британската топ листа.

Remote video URL

Иги Поп наводно го напишал текстот за песната додека се возел со метро во Берлин. Музиката е на Гардинер. Песната е делумно базирана на поема на Џим Морисон.

Во интервју за The Guardian, Иги Поп изјави дека песната била делумно инспирирана од патувањата со Дејвид Боуви за неговата турнеја.

„Се возев низ Северна Америка и Европа во автомобилот на Дејвид. Немав ни кола, ни возачка“, се присетува Иги.

Песната „The Passenger“ доби култен рокенрол статус и била употребена во бројни филмови, видеоигри, документарци и ТВ-шоуа, вклучувајќи ги „He Died with a Felafel in His Hand“, „This Must Be the Place“, „Radiofreccia“, „30 Days“, „Jarhead“ и Pro BMX 2, а во поново време во „Up in the Air“, „The Weather Man“, „Kurt Cobain: About a Son“, „Scarface: The World Is Yours“, „24 Hour Party People“, „If I Stay“, „Sons of Anarchy“, „War Dogs“ , „Ash vs Evil Dead“, „12 Monkeys“, „Berlin Station“ (Сезона 3, епизода 1), „The Boys“, како и во петтата сезона од „Anthony Bourdain: Parts Unknown“ и филмот „Waking Life“.

Тагови
реклама

ДИК: Членовите на избирачките одбори ќе добијат за 100% повисок надоместок

Read more

Пронајдено обесено момче на кејот на Вардар

Read more

Virgin Galactic и Rolls Royce претставија надзвучен авион

Read more

Трагедија во Србија: Поранешен кошаркар на Црвена Ѕвезда почина на тренинг

Read more

Музика

Руски рапер пронајден исечен на парчиња во замрзнувач

Read more

Дуа Липа најави нов сингл со Мадона и Миси Елиот

Read more

Среќен роденден, Џенифер Лопес

Read more

ABBA ќе издаде пет нови песни догодина

Read more

Сцена

Во подготовка четврти и петти дел на „John Wick“

Читај повеќе
  • play_arrow

Куклата Попи од „Trolls“ повлечена од пазарот поради непристоен дизајн

Читај повеќе
  • filter

Фотошоп магија: Холивудските ѕвезди позираат со нивните најпознати ликови

Читај повеќе
  • play_arrow

„Mayhem“ го одложи настапот во Скопје за 2021 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

Ева Лонгорија има 45 години и изгледа неверојатно

Читај повеќе
  • play_arrow

Руски рапер пронајден исечен на парчиња во замрзнувач

Читај повеќе

Наја Ривера се удавила за неколку минути, покажа официјалниот извештај

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за „E.T. the Extra-Terrestrial“

Читај повеќе