Куманово една од петте општини во државата која ќе се дигитализира

Општина Куманово е една од петте пилот општини во државата која ќе се дигитализира во рамки на проектот „COVID-19 брза реакција преку јавен повик за дигитализација на услугите на локалната самоуправа“ кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП.

Од ФИТР, денеска информираа дека рокот за аплицирање за јавниот повик за дигитализација на општините бил продолжен до 19 октомври годинава и во моментов е фаза на евалуација и селекција.

– Апликантите треба да развијат е-платформа која ќе ги интегрира решенија за воспоставување на електронски систем за наплата на давачките кон општината, воспоставување на систем за електронско плаќање на сметки кон јавните претпријатија, електронски систем на волонтери и онлајн платформа за општински форум. Се очекува избраното решение да биде искористено од страна на различни категории на граѓани од различни возрасни структури, без ограничување, со јасни и разбирливи инструкции за користење, велат од ФИТР.

Решенијата треба да придонесат и кон забрзување на економско закрепнување од последиците предизвикани од пандемијата на COVID-19 на локално ниво и олеснување на почитувањето на мерките за превенција на ширење на вирусот. УНДП ги обезбедува средствата за повикот – четири милиони денари, а спроведувањето му е доверено на Фондот и ќе се врши со користење на успешно воспоставените процедури и капацитетите на ФИТР.

– Предвидено е општините да им помагаат и на повозрасните граѓани кои имаат потреба. Преку дигитализацијата ќе се овозможи плаќање сметки на јавни претпријатија, данок на имот, други такси кои одат преку општините,појаснуваат од ФИТР.

Преку ФИТР се обезбедува финансирање до сто проценти од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 75.000 американски долари во денарска противвредност со вклучени трошоци за надзор во износ од десет проценти од вкупниот оперативен буџет на проектот. Е-Платформата треба да биде изработена за максимум 30 дена, а еден апликант треба да даде понуда за сите четири решенија кои треба да бидат спроведени во сите пет пилот општини. Степенот на технолошкиот напредок и степен на дигитализација, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим и влијание се главните критериуми според кои ќе се оценуваат предлог проектите.

Избраните дигитални алатки во оваа прва фаза ќе се имплементираат во пет пилот општини: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово кои се селектирани преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) насочена кон поддршка на државата за справување со ефектите од COVID-19, како и спроведување на брза и сеопфатна социо-економска анализа за ефектите од пандемијата и утврдување на можности за побрзо закрепнување на локално ниво. Се очекува решенијата да бидат изготвени, но и имплементирани до крајот на годинава, а тие ќе бидат целосно бесплатно достапни и за останатите општини кои ќе изразат подготвеност и желба.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе