СЕРИЈА А 2020/21

Кунг-фу Ибра за нова победа на Милан

На незгодното гостување во Удине фудбалерите на Милан успеаја да дојдат до трите бода благодарение на атрактивниот гол на Ибра на пред самиот крај.

Златан Ибрахимовиќ повторно е херој на „Росонерите“. Ветеранот одигра нова одлична партија и директно беше инволвиран во двата гола кои му донесоа нова победа на Милан.

Прво во 18. минута Ибра одлично смири една нафрлена топка во домашниот казнен простор, ја загради и потоа му ја сервираше на Франк Кеси кој го отвори резултатот.

Само три минути по паузата Удинезе успеа да дојде до израмнување со гол од белата точка откако Алесандро Ромањоли несмасно го фаулираше Игнасио Пусето во шестнаесетникот, а Родриго Де Паул успешно го совлада Џиџи Донарума.

На седум минути пред крајот Ибрахимовиќ со кунг-фу потег го постигна победничкиот гол иако при ударот со копачката по глава го зафати и противнички играч Родригу Бесау, но голот беше признат.

Кај домаќините нашиот Илија Несторовски преседа на клупата за резерви.

Милан сега има 16 бодови и дефинитивно останува на првото место на табелата со 5 победи, 1 нерешен и без пораз, додека Удинезе останува во зоната за испаѓање со само 3 бода. 39-годишниот Ибрахимовиќ со 7 голови води на листата на стрелци.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more
 

Спорт

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе