Купување лаптоп: Како да одберете некој што ќе трае долго?

Планирате да купите нов лаптон? Обрнете внимание на неколку работи за да не ви дотрае брзо како сегашниот.

Животниот, односно работниот век на лаптопите зависи од повеќе фактори. Покрај тоа што лаптопот може да дотрае во физичка или електронска смисла, може да стане и технолошки заостанат во толкава мера што повеќе нема да биде на висина на задачата.

Дигиталниот свет многу брзо се менува и развива. Интернет страниците и програмите кои секојдневно ги користимне стануваат сѐ понапредни, пофункционални и покомплексни, па со самото тоа стануваат и потешки за компјутерите.

Денешните дигитални фотографии и филмови значително го надминуваат квалитетот на фотографиите и филмовите од пред десетина години, а тоа значи дека бараат повеќе меморија за складирање, како и понапредни перформанси на компјутерите.

Видео-игриците особено се истакнуваат кога зборуваме за техничкото застарување на лаптоп компјутерите, бидејќи атрактивните игрици, кои изобилуваат со богата графика, секогаш се прават така што максимално ја искористуваат силата на компјутерите што во тој момент се наоѓаат на пазарот.

За да обезбедите физичка и електронска долготрајност на лаптоп компјутерот, бирајте модел со подобар квалитет на изработка. Присуството на алуминиуско куќиште е првиот знак дека се работи за квалитетно направен лаптоп компјутер кој, преку соодветна употреба и одржување, ќе трае веројатно и цела деценија.

Доколку при купувањето одберете лаптоп чии перформанси ги надминуваат вашите моментални потреби, можете да очекувате дека вашиот компјутер ќе биде на висина на задачата и по неколку години, кога ќе излезе нова верзија на програмот што го користите во работата. Истото важи и за видео-игриците.

Се разбира, рецензиите, оценките, искуството и препораките од другите корисници на лаптоп компјутери ќе ви бидат од голема помош бидејќи преку нив ќе ги запознаете актуелните модели и сигурно ќе направите подобар избор.

Тагови
реклама

Хардвер

Цените на RAM меморијата драстично се зголемија

Read more

Нов шок по астрономските цени: Micron се повлекува од пазарот на RAM и SSD дискови

Read more

Водич за паметен шопинг: Како да одберете нов лаптоп?

Read more

Huawei го претстави супертенкиот лаптоп MateBook Fold

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Сега и никогаш повторно: Како да ја видите кометата 3I/Atlas кога ќе помине покрај Земјата?

Читај повеќе

Цените на RAM меморијата драстично се зголемија

Читај повеќе

Единствено во светот: Кратка историја за необичното знаме на Непал

Читај повеќе

ChatGPT годишно троши двојно повеќе струја од цела Македонија

Читај повеќе

Starlink и кинеските сателити речиси се судрија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новата гејмерска столица на McLaren чини 2.000 долари

Читај повеќе

Нов Android мaлвер ги заклучува телефоните и ги снима жртвите

Читај повеќе

Apple ги откри најпопуларните апликации за iPhone и iPad

Читај повеќе

Големи промени од 2026 година: Европска земја ги забранува социјалните мрежи за деца

Читај повеќе