Курти го прифати американскиот предлог за 48-часовно одлагање на казнувањето за таблички

Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека го прифаќа барањето на амбасадорот на САД, Џефри Ховениер за одлагање од 48 часа на почетокот на казнување на лицата кои не ги смениле регистерските таблички издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на Twitter, Курти доцна синоќа му се заблагодари на Ховениер „за неговата посветеност и залагањето“ во изнаоѓањето решение за споровите со Србија.

„Јас го прифаќам неговото барање за 48-часовно одлагање на почетокот на изрекување казни за нелегалните таблички со ознаките „КМ“ (Косовска Митровица) и други (издадени од Србија). Задоволство ми е да работам со САД и ЕУ за изнаоѓање решение во текот на наредните два дена“, напиша Курти.

Ховениер синоќа изрази загриженост поради неуспехот на вчерашните преговори во Брисел меѓу Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ и побара одлагање на спроведувањето на одлуката за 48 часа, со цел, како што порача, „да им овозможат на ЕУ и САД да продолжат да ги поттикнуваат страните да изнајдат решение“.

Претходно, по неуспехот на преговорите со посредство на ЕУ за решение за спорот околу табличките, официјална Приштина најави дека ќе почне да ги казнува лицата затекнати со возила и таблички издадени од Србија.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе