Курти: Некој сака конфликт во Северно Косово за да ја реализира поделбата на земјата

Вршителот на должност претседател на косовската влада Албин Курти изјави дека одредени политичари во Србија и Косово посакуваат конфликт во косовскиот север, со цел да го реализираат планот за размена на територии меѓу двете земји.

Во денешното видео-обраќање до граѓаните, Курти ги негира тврдењата на одредени политички лидери, меѓу кои и на претседателот на државата Хашим Тачи, дека во северниот дел на земјата, населен со мнозинско српско население, Владата на Косово нема никаква контрола и се спроведуваат законите и одлуките на Белград.

Премиерот вели дека не е вистина оти карантин во општините Северна Митровица и Звечане е воведен по налог на српските власти, туку тоа е одлука на косовското Министерство за здравство, кое не прави од тоа „голема фама“, затоа што не сака да ја продлабочува уште повеќе здравствената криза.

– Има високи политичари во Белград кои сакаат конфликт во Косово, посебно северно од Ибар. Меѓутоа има и високи политичари и официјални лица и во Приштина кои сакаат конфликт во Косово, посебно северно од Ибар. Нивниот проект за размена на територии кога би се реализирал би предизвикал нови конфликти и крвопролевања. Сега сакаат конфликти и крвопролевања на терен за да се вратат на размената на територии, односно на поделбата на Косово, порача Курти.

Според него, во тој правец беше и барањето на претседателот Хашим Тачи и другите политички кругови за прогласување вонредна состојба во земјата.

– Бидејќи не успеаја да ја прогласат за да ја предизвикаат (вонредната состојба), сега сакаат да ја предизвикаат за да ја прогласат, вели Курти.

Тој ги повика граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не им веруваат на тие кои придонесоа за поделбата на градот Митровица.

– Зачувајте ја ладнокрвноста и немојте да дозволите да станете жртви на тие кои, за да прослават со шампањ, имаат потреба да ја пролеат нашата крв. Немојте да подлегнувате на провокации. Тоа е замка во која самите ќе паднат. На тие што придонесоа за поделбата на Митровица немојте да им верувате, порача Курти.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе