Курти (не)решава математика

Косовскиот премиер Албин Курти јавно им се извини на учениците што направил грешка при решавањето математичка задача.

„Ви благодарам за топлото добредојде во вашата нова училишна зграда. Но, морам да кажам дека ми е мило што сега веќе не сум ученик бидејќи немаше да добијам преодна оценка“, напиша Курти на Facebook. Курти се огласи откога видеото на кое не успева да ја реши задачата стана вирално на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како премиерот на Косово лежерно решава математичка равенка на таблата за време на отворањето на новото училиште во Подуево, на североистокот на Косово. Откако Курти самоуверено ја заврши математичката равенка, сите во просторијата аплаудираа, а на тоа се вклучи и министерката за образование, Арберие Нагавци

Меѓутоа, Курти дошол до погрешно решение, пишува Politiko.

„Да размислував подолго за тоа, ќе сфатев дека точниот одговор е x=0, но во овој случај мислам дека немаше да имам храброст да ја земам кредата и да го напишам точното решение. Се извинувам, решението на таа равенка, како што знаете подобро од вашиот премиер, е x=0“, заклучи Курти.

реклама

Чек дис аут

Русин упадна во камион со возач без свест за да спречи сообраќајка

Read more

Драма над облаците: Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката

Read more

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Read more

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе