Курти: Република Српска стана еден вид руски Калининград во регионот

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Република Српска станала еден вид руски Калининград во регионот и дека тоа е закана за стабилноста на Западен Балкан.

Курти рече дека Русија е заинтересирана за продолжување на војната и ја гледа како закана не само за Молдавија и Грузија, туку и за Западен Балкан преку Србија, додавајќи дека Република Српска станала еден вид Калининград во нашиот регион, пренесува Kosovo online.

За потсетување, Калининградската Област е руска ексклава која граничи со Литванија на север, Полска на југ и со Балтичкото Море на запад. Проширувањето на ЕУ во 2004 година, кога Полска и Литванија станаа членки, значеше дека областа контролирана од Русија оттогаш има копнени граници со ЕУ.

Курти, исто така, истакна дека побарал од САД да му помогнат на Косово да се приклучи на НАТО.

„Ние сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ, но многу е можно поради многу фактори да влеземе во НАТО пред ЕУ. Побаравме од САД да ни помогнат за членството во НАТО. Добивме одговори, тесно соработуваме и правиме еден вид транзиција на нашата армија“, откри тој.

Додаде дека Косово го зголемило буџетот за одбрана за 52% и ги гледа Соединетите Држави како незаменлив сојузник во зајакнувањето и заштитата на безбедноста на Косово и во чекорите кон членството во НАТО.

„Верувам дека руската инвазија на Украина ќе ги зголеми изгледите и брзината на членството на Косово во НАТО“, рече Курти.

Тој неодамна за CNN изјави дека Косово мора да биде многу внимателно бидејќи Србија „може да игра улога на застапник на Руската Федерација на Западен Балкан“.

„Руското Министерство за одбрана има посебна канцеларија во српското Министерство за одбрана. Сега кога рускиот 'блицкриг' во Украина пропаѓа, ние сме загрижени дека тие може да се обидат да го прошират конфликтот и дека Западен Балкан може да биде ново руско бојно поле преку нивните прокси (посредници) - Србија или Република Српска“, рече Курти.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе