Квалитетни и стандардизирани производи услов за соработка со странските инвеститори

Скопје, 4 декември 2019 (МИА) – Македонските компании да понудат квалитетни и стандардизирани производи, да се намали административниот товар и да продолжат реформите во образованието во насока на продуцирање кадри потребни за стопанството. Ова се само некои од условите за интензивирање на врските меѓу домашните фирми и странските инвеститори во земјава.

Странските инвеститори сакаат да ги вклучат македонските компании во својот бизнис, но од нив очекуваат сами да дојдат и да им тропнат на врата.

- Потенцијалот на македонските компании не е доволно искористен и тоа е клучниот предизвик на македонската економија. Соработката со странски и со фирми од земјите членки на ЕУ може да им ја подобри конкурентноста на македонските компании. Согласно последниот извшетај на Европската комисија за Северна Македонија, едвај да има воспоставено некакви врски меѓу домашните компании и инвеститорите во зоните. За јакнење на ваквите врски, многу работи зависат од деловната средина. Всушност, треба да бидат исполнети некои општи и специфични услови за функционирање на компаниите, изјави раководителот на економскиот оддел во Канцеларијата на Европската комисија во Скопје, Фрег Јанмаат пред почетокот на конференцијата за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори.

Според Јанмаат, некои од општите услови се владеење на правото, поефикасна јавна администрација и борбата против корупцијата, сфери во кои владините политики треба да продолжат. Специфичните услови, пак, се однесуваат на потребата од квалитетен производ според европските и меѓународните стандарди кој ќе може да биде вклучен во производството на странските компании, реформа во образованието и намалување на административниот товар што паѓа врз компаниите.

Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, рече дека секој странски инвеститор во земјава работи со македонска компанија, но повеќе во придружните дејности, како обезбедување, храна, итн, а тоа не е доволно.

- Ние сакаме да ги вклучиме македонските компании во нашиот вистински бизнис, да бидат наши добавувачи. Но, македонските компании треба да дојдат кај инвеститорите, независно дали се тие во зоните или не, да им тропнат на врата и да прашаат „што можам да направам за вас“, зашто не е обратно, нема бизнисот да дојде кај нив и да им рече „што можам да сторам за вас“. Тоа е како двајца соседи кои живеат еден до друг, а не зборуваат и поради тоа никогаш нема да си ги разберат потребите и побарувањата. Сѐ почнува со првиот чекор, а тоа е комуникацијата, порача Петер.

Како позитивен пример тој ја посочи ЕВН која, истакна, последниве неколку години работела со повеќе од 5.000 македонски компании. ЕВН веќе има интезинва соработка и со компании кои нудат услуги и со компании кои нудат материјали.

- Никој не може да одрече дека малите и средните претпријатија се 'рбетот на една економија. Тоа важи за Германија, за Австрија од каде што доаѓам и за Северна Македонија. Исто така, никој не може да негира дека странските директни инвестиции во една земја се повеќе од само шлаг на тортата. Тие се многу важен фактор за македонското стопанство, не само од финансиски аспект, туку и за пренос на знаење. Затоа, логично е дека треба да се воспостави ваква врска меѓу домашните мали средни претпријатија и странските директни инвестиции за да се создаде дополнителна вредност, напомена Петер.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе