СЕРИЈА А 2020/21

Лацио го турна Милан надвор од ЛШ местата

Синоќа се комплетираше 33. коло во Калчото по кое и тоа како се искомпликува борбата за пласман на местата кои водат во Лигата на шампионите.

Милан цела сезона беше прв или втор, а сабајлево се разбуди на 5. место, надвор и од Лигата на шампионите. Тоа е како резултат на вториот последователен пораз откако синоќа доживеа дебакл од 3:0 на „Олимпико“ од Лацио.

Дека Милан нема да има добар ден најави Хоакин Кореа уште во 2. минута. Истиот играч шест минути по паузата го дуплираше водството, а голгетерот Чиро Имобиле на три минути до крајот го постави конечниот резултат.

Мора да се напомене и дека „Росонерите“ беа без Златан Ибрахимовиќ кој заздравува од мускулна повреда.

Remote video URL

Милан претходно загуби и од Сасуоло, па со седмиот пораз сезонава падна на 5. место со 66 бодови, исто колку што имаат и Наполи и Јувентус. Лацио, пак, сега има 61 бод и е едно место подолу, но има и натпревар помалку, оној одложениот со Торино.

Пробив меѓу првите четири направи и Наполи кој синоќа славеше на гостувањето кај Торино. „Партенопеите“ бодовите ги осигураа уште во првите 13 минути игра кога Тимуе Бакајоко и Виктор Осимнех погодија во домашната мрежа.

На овој натпревар полседните 5 минути ги одигра и нашиот Елиф Елмас која веќе долго време нажалост е само замена при крајот на натпреварите.

Remote video URL

Одличната форма во последно време на тимот на Џенаро Гатузо му донесе скок во местата кои водат во Лигата на шампионите, што и е цел на Наполи сезонава.

Со пет кола до крајот, борбата за пласман во елитата на европскиот фудбал и тоа како стана интересна. Лацио се приклучи во трката, но затоа Рома отпадна.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе