Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

Lancia претстави ново лого и футуристички дизајн „за следните 100 години“

Lancia и нејзината судбина со години се обвиткани во црн превез, кој го навестуваше блискиот крај на овој бренд. Некогаш познатиот бренд се сведуваше на само еден мал и застарен модел (Ypsilon), и немаше знаци дека работите може да се подобрат.

И тогаш пристигна Stellantis и одлучи Lancia да остане, како премиум бренд што ќе произведува исклучиво електрични автомобили. Првиот чекор кон таа цел се случи во понеделникот.

Lancia Design Day не го откри дизајнот на новите модели кои ќе пристигнуваат на секои две години почнувајќи од 2024 година. Се мисли на моделите Ypsilon, Aurelia и Delta по ред. Наместо тоа, Lancia откри скулптура со име Pu+Ra Zero и најави нов стил на дизајнирање. Како што сугерира името, комбинира чистота (Pure) и радикален (Radical) пристап, а дизајниран е од Lancia Centro Stile.

Жан-Пјер Плуе го предводи тимот кој создаде нов дизајнерски израз „во следните 100 години“. Lancia се здружи и со производителот на мебел Cassina, но уште не е јасно каков ќе биде резултатот од нивната соработка. Наводно, заеднички ќе ја дизајнираат внатрешноста на идните автомобили и ќе применат некои детали од моделите Gamma, Thema и Flavia.

Уште поинтересен е концептот Pu+Ra Zero, во кој многумина ги гледаат контурите на идниот Stratos Zero. Тоа беше за очекување. Lancia го претставува и новото лого на брендот. Како и кај конкуренцијата, трендот е јасен - да се поедностави дизајнот до самите основи.

Впрочем, ова е Lancia, а тоа значи дека нема лесно да се откаже од сината боја.

Ова е осма верзија на логото во 116-годишната историја на брендот, а прв ќе ја носи новиот Ypsilon од 2024 година. Логото го задржа обликот на штит, а е изработено од алуминиум. Во центарот на означениот круг е името на брендот со нов фонт, а вертикалната линија е таму како потсетник на амблемот од 1957 година.

Потсетуваме дека новиот Ypsilon доаѓа во 2024 година, а топ моделот на брендот - Aurelia - во 2026 година. Тоа ќе биде електричен кросовер, најелитниот модел на италијанскиот производител. Конечно, во 2028 година, се враќа Delta.

Авто новости

Ferrari постигна нов рекорд во продажба

Read more

Продаден најскапиот нов автомобил во историјата

Read more

Дилема: Класични зимски или универзални гуми?

Read more

Дали за поголеми автомобили треба да се плаќа поскап паркинг?

Read more