Доколку некој поседува суперавтомобил наменет исклучиво за патеки или хиперавтомобил со ограничена едиција што не може да се регистрира, но сепак сака да го вози по јавни патишта, тогаш треба да ја контактира компанијата Lanzante.

Британската компанија Lanzante постои од 70-тите години на минатиот век и има долга историја во мотоспортот, но вниманието го привлече дури кога почна да прави патни легални копии на моделот McLaren P1 GTR. Последниот проект на Lanzante не вклучува McLaren, туку Porsche што претходно можеше да се вози само на патека.
Модерната верзија на саканото Porsche 935 е направена во само 77 примероци, а пред околу 18 месеци двајца сопственици го контактирале Lanzante за да видат дали нивните автомобили можат да се направат легални за на патиштата. Lanzante им ја исполни желбата, а автомобилите беа претставени на неодамнешниот Фестивал на брзината во Гудвуд.

Најочигледните модификации се во предниот дел. Поради фактот што оригиналниот 935 е дизајниран исклучиво за патека, тој нема фарови. За да може да вожо по патиштата, мора да ги има, па Lanzante направи нови предни браници и инсталираше пар тенки фарови,
Беа направени уште неколку надворешни промени, при што едниот автомобил носи црвено-бела боја, додека другиот има посуптилен сребрен Martini дизајн. Беше поставена и нова рачна сопирачка, а Lanzante ја искористи својата магија за електроника и на суспензијата за да го направи автомобилот што е можно поподготвен за патиштата.

Нема промени во погонот, па останува оригиналниот 3,8-литарски твин-турбо мотор со 6 цилиндри, кој испорачува 700 КС и е поврзан со 7-брзински PDK менувач со двојна спојка.
Цената на овие модификации не е јавно обелоденета.
