УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Лапорта: Гледањето на натпреварот на Интер беше измачувачко за нас

Претседателот на Барселона проговори за необичниот распоред на УЕФА поради кој неговиот тим истрча на теренот против Баерн знаејќи дека е елиминиран.

Барселона синоќа на „Камп Ноу“ претрпе пораз од 3:0 од Баерн во натпревар во кој каталонските фудбалери влегоа разочарани. Имено, натпреварот од кој зависеше нивната судбина во Лигата на шампионите се одигра од 18:45, додека тие играа вечерта од 21 часот. На Барса ѝ беше потребен кикс на Интер, па дури и заеднички го гледаа тој натпревар навивајќи за чешкиот шампион Викторија од градот Плзењ. Изненадување не се случи бидејќи Интер победи со високи 4:0.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри колку било тешко гледањето на тој натпрервар, а кој го гледаа сите заедно во соблекувалната.

„Нажалост чудото не се случи. Треба да им се заблагодариме на фановите бидејќи во многу тежок натпревар ги охрабруваа играчите и тимот. Ги имаме најдобрите навивачи во светот. Емоционално беше многу тешко да се игра откако сите заедно го изгледавме натпреварот на Интер. Тоа беше вистинско мачење за нас“, изјави Лапорта.

Потоа се осврна на она што Барса ја чека по испаѓањето од Лигата на шампионите, а тоа е играње напролет во Лига Европа.

„Сега треба да погледнеме напред, и натаму сме во игра во Ла Лига и во други натпреварувања. Знаевме дека во овој период на градење на тимот ќе има подеми и падови. Мора да продолжиме секојдневно да се подобруваме“, заврши тој.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе