Вечерашниот полуфинален дуел помеѓу Аргентина и Хрватска ќе ја продолжи успешната традиција на калчолигашот Интер кој и 11-ти Мундијал по ред ќе има свој претставник во големото финале на ФИФА.

Почнувајќи од Мундијалот 1982 година во Шпанија кога тројца интеристи беа дел од финалето настапувајќи за Италија, која тогаш и победи, миланскиот клуб успешно гаи една убава традиција: секогаш има барем еден играч во мундијалското финале.
Вечерва Интер ќе го дознае својот преставник во финалето на Мундијалот 2022, а тоа ќе биде Лаутаро Мартинес или Марцело Брозовиќ бидејќи нивните Аргентина и Хрватска од 20 часот го играат првото полуфинале. Еден сигурно ќе остане за финалето в недела, а клупските соиграчи ќе мора меѓу себе да одлучат кој ќе се бори за пехарот Божицата на победата.
Интер и пред 1982 година имал финалисти, но непрекинатата низа трае оттогаш. Не секогаш неговите играчи победувале во финалињата, некогаш губеле. Токму таква губитничка низа имаат интеристите од Мундијалот 2010, односно на последните три финалиња.
Само еднаш се случило двајца интеристи да играат еден против друг од 1982 година и тоа во 1998 кога Роналдо и Бразуил загубија со 3:0 од Франција на Џоркаеф.
Сите финалисти на Интер во низа:
1982: Џузепе Бергоми, Алесандро Алтобели и Габриеле Ориали (Италија, шампиони)
1986: Карл-Хајнц Румениге (Западна Германија, поразен)
1990: Лотар Матеус, Јирген Клинсман, Андреас Бреме (Западна Германија, шампиони)
1994: Никола Берти (Италија, поразен)
1998: Роналдо (Бразил, поразен) и Јури Џоркаеф (Франција, шампион)
2002: Роналдо (Бразил, шампион)
2006: Марко Матераци (Италија, шампион)
2010: Весни Снајдер (Холандија, поразен)
2014: Родриго Паласио (Аргентина, поразен)
2018: Иван Перишиќ и Марцело Брозовиќ (Хрватска, поразени)
2022: Лаутаро Мартинес (Аргентина) или Марцело Брозовиќ (Хрватска)
Остранува да видиме кој интериста вечер ќе ја продолжи низата, а воедно и за која репрезентација црносините навивачи ќе гаат симпатии во големото финале в недела со оглед на тоа што во второто полуфинале помеѓу Франција и Мароко нема нивни играчи.