Лавров: НАТО треба да го направи првиот чекор

Москва тргнува од премисата дека НАТО треба да го направи првиот чекор кон нормализација на односите со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Да, тргнуваме од тоа, бидејќи никогаш први не сме ги влошуваме односите ниту со НАТО, ниту со ЕУ, одговори Лавров на прашањето дали Москва верува дека НАТО е тој што треба да го направи првиот чекор кон нормализација во сегашната ситуација.

Според него, историјата на влошување на односите меѓу Москва и Алијансата започнала кога тогашниот грузиски претседател Михаил Саакашвили „издал злосторничка наредба за напад врз градот Цхинвали“ во 2008 година. Тогаш, потсети Лавров, Русија инсистираше да се свика Совет Русија-НАТО за да се разгледа оваа ситуација, но американскиот државен секретар (во тоа време Кондолиза Рајс) категорично одбила.

– При создавањето на Советот Русија-НАТО во Основачкиот акт е нагласено дека мора да дејствува во секое време, истакна шефот на руската дипломатија.

Тој додаде дека НАТО ја погреба идејата за консултации со Русија.

– Што се однесува до НАТО, веќе кажав како се започна и како членките на НАТО едноставно го „погребаа“ главното правило кое е основа за создавање на Советот Русија-НАТО, односно потребата за итни консултации во кризни ситуации и тоа, генерално, продолжува. Тука не може да се бара логика. Истото се однесува и на оценките кои се слушаат од главните градови на НАТО за нашиот принуден реципрочен чекор. Еден реципрочен чекор за трите чекори на НАТО, констатира Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи вчера изјави дека Москва од 1 ноември ќе ја прекине работата на својата постојана мисија во НАТО, како и на главниот воен претставник, како одговор на одземањето на акредитациите за осум соработници на руската мисија во Алијансата. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе