ЕХФ НЕДЕЛА НОЕМВРИ 2021

Лазаров ги соопшти патниците за Египет - тројца дебитанти

Македонската машка ракометна репрезентација денеска патува за Египет каде утре и задутре ќе одигра два пријателски натпревари против актуелниот африкански шампион.

Фото: РФМ

Кирил Лазаров го скрои составот кој од неделата се подготвува во скопје и одбра 19 ракометари кои ќе ги има на располагање за натпреварите со силниот противник.

Од репрезентацијата отпадна Стојанче Стоилов. Не се работи за повреда, туку на барање на неговиот клуб Вардар 1961. Повреден е десниот бек Томислав Јагуриновски, а селекторот одлучи да не патуваат и голманот Градимир Чаневски и левото крило Петар Атанасијевиќ.

Во составот Лазаров вклучи тројца дебитанти и тоа Кристијан Симоноски, Марко Митев и Павле Атанасијевиќ.

Голмани:
Никола Митревски - Порто (Португалија)
Мартин Томовски - Вардар 1961

Леви крила:
Бојан Маџовски - Еурофарм Пелистер
Цветан Кузмановски - Еурофарм Пелистер 2

Десни крила:
Гоце Георгиевски - Вардар 1961
Ненад Костески - Еурофарм Пелистер

Леви бекови:
Филип Талески  - Вардар 1961
Филип Кузмановски - Ханофер-Бургдорф (Германија)
Павле Атанасијевиќ - Еурофарм Пелистер 2
Михајло Младеновиќ - Охрид

Средни бекови:
Филип Миркуловски - Вецлар (Германија)
Марко Мишевски - Вардар 1961
Игор Ѓоргиев - Алкалоид
Марко Митев - Бутел

Десни бекови:
Мартин Велковски - Еурофарм Пелистер
Мартин Серафимов - Алкалоид

Пивоти:
Жарко Пешевски - Штутгарт (Германија)
Никола Маркоски - Еурофарм Пелистер
Кристијан Симоноски - Алкалоид

Натпррвароте против Египет ќе се играа во Каиро в петок и сабота со почеток од 18 часот. овие натпревари се дел од ЕХФ неделата која почна од вторник и трае до недела и освен пријателски ќе се играат и натпревари од Златанта лига, како и мундијалски квалификации.

Египет на Олимпијата летоска во Токио загуби во натпреварот за бронзата, лани стана шампион на Афтика на првенството во Тунис, а на почетокот од годинава заврши на 7. место на Мундијалот кој се одржа токму во Египет и каде токму во група беше со Македонија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ракомет

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more

Македонските ракометари добија лесна група во квалификациите за ЕП

Read more

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

Read more

Ракометарките убедливо поразени од Шпанија

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе