ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЕГИПЕТ 2021

Лазаров: Го допревме дното

Капитенот Кирил Лазаров оцени денеска дека македонската ракометна репрезентација со бледите изданија на Светското првенство го „допре дното“ и оти сега е потребна макотрпна работа за враќање на старите патеки.

Во интервју за официјалниот сајт на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС), Лазаров истакна дека генерациската смена низ која минува репрезентацијата не е оправдување за резултатскиот дебакл на Мундијалот во Египет.

„Македонија тагува по сите овие порази со висока разлика, но верувајте ми дека ниту мене не ми е лесно. Иако имаме смена на генерацијата, мораме да бидеме искрени и да кажеме дека тоа не е оправдување што не се прикажавме во достоинствено светло. Можеби нам овој Мундијал ќе ни биде добредојден, бидејќи на извесен начин ние го допревме дното и сега треба да пробаме со добра стратегија да наградуваме“, истакна македонскиот капитен, кој во Египет го игра седмото Светско првенство во македонскиот дрес.

„Горд сум што го носам дресот на македонската репрезентација веќе 22 години. Иако пред ова Светско првенство знаев дека не сме во добра ситуација, бидејќи имаме смена на генерацијата, го прифатив повикот и во договор со Федерација дојдов да им помогнам на овие млади играчи и да им пренесам дел од моето искуство. Напорно ми е, но не ми е тешко, бидејќи ова го работам со срце“, додаде Лазаров во интервју за ХРС.

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе