ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА / ПОЛСКА 2023

Лазаров: Треба да бидеме внимателни во Букурешт

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево заминува за Букурешт каде утре ја очекува реванш натпреварот против Романија во рамки на полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство 2023.

Македонските ракометари во романската престолнина ќе бранат предност од осум голови разлика (30-22), која со поддршка од 5.000 навивачи и одлична игра во завршните 15 минути ја остварија во четвртокот вечер во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Капитенот и селектор Кирил Лазаров и се заблагодари на публиката за поддршката и додаде дека „црвено – жолтите“ и покрај високата предност мораат да бидат внимателни на реваншот.

– Голема благодарност до навивачите. Беше прекрасно да се игра пред домашната публика. Романија беше одличен ривал, па можеби конечниот резултат и не е реален, но ракометот се игра 60 минути. Ние имавме фантастични последни 15 минути. За разлика од Европското првенство, сега имавме поголема ротација и тоа беше клучот, изјави Лазаров.

Посочи дека треба да бидат претпазливи пред реваншот, познавајќи го (романскиот селектор Чави) Пасквал.

– Тој нема да се предаде и сигурно нè очекува тежок натпревар во Букурешт, додаде Лазаров.

Реваншот во Букурешт е утре со почетокот во 17 часот, а вкупниот победник во финалниот бараж за пласман на Мундијалот ќе игра против Чешка.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе