Лажен оџа и негови соработници осомничени за полов напад врз дете и за измами

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Против истото лице, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за кривично дело „измама“.

– Првиот осомничен, 37-годишен жител на Кочани, во два наврати на 23 и 24 ноември во стан во Гостивар, извршил полово дејствие врз дете родено 2012 година. Мајката на детето го повикала осомничениот кој се претставил како оџа, да пее и да го „лекува“ детето од црни магии. Осомничениот побарал да остане сам со детето-жртва во собата и притоа ја принудил на други полови дејствија. Оштетената од страв во прв момент не кажала ништо на мајката. Кога на 5 декември мајката сакала по третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува, по што настанот бил пријавен во полиција, се вели во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

Оттаму појаснуваат дека истиот осомничен, заедно со уште двајца соизвршители од Гостивар, измамиле и друга оштетена.

– Првопријавеното лице, во договор со другите двајца, на оштетената исто така ѝ се претставило како оџа кој ќе ѝ помогне да ги тргне магиите од нејзината куќа. Во повеќе наврати тројцата ја убедувале дека за да ги отстранат магиите треба да откопуваат различни предмети од гробишта и со тоа ги влечат магиите од неа и од нејзиниот дом. За услугата ѝ наплатиле вкупно 98.000 денари. Кога почнале да се договараат за нова средба, оштетената се посомневала дека е измамена и ги пријавила, велат од ЈОРМ.

За првопријавениот Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, додека за останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.​​

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе