Леброн Џејмс: Лука Дончиќ ми е омилен играч

Леброн Џејмс оваа сезона не влезе во плејофот со ЛА Лејкерс, но останува во контакт со навивачите, па вечерва цел час одговараше на нивните прашања на Twitter.

Опфати и приватни, и професионални теми, а меѓу другото на светот му откри дека омилен играч во моментов му е Лука Дончиќ.

Го прашале кој бил најлошиот момент во неговата кариера и како го пребродил.

„Пораз во финалето од Далас кога играв како гомно. Се ресетирав, се вратив на основите, работев на деловите во мојата игра каде што требаше да бидам подобар, за да не мора одбраната да се потпира само на една работа. Потрошив толку многу часови и часови и часови секој ден во текот на летото и се враќав подобар и подобар“, одговори тој.

URL

Леброн рече дека омилена книга му е „Алхемичарот“, омилени филмови му се „Гладијатор“ и „Кум“, а омилено место за одмор  - Капри во Италија.

Сепак, повеќето прашања се сведоа на кошарката, па дознавме дека омилен момент во дресот на Лејкерс му е победничкиот шут против Денвер во финалето на Западната конференција во 2020 година.

Ако треба да избере соиграч за „два на два“ ​​против Мајкл Џордан и Скоти Пипен, тој би ги избрал Коби Брајант, Кевин Дурант или Кајри Ирвинг, а во идеалното натпреварување во забивање тој, Винс Картер, Зак ЛаВин и Доминик Вилкинс. но не и Џордан.

Тој потврди дека неговиот сон е да игра во истиот НБА тим со син му Брони и откри како завршило кога последен пат играле заедно:

„Последниот пат ја скршив таблата при забивање и не можевме да го завршиме натпреварот“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе