ЛеБрон до ЛаВар Бол: Не ми ги спомнувај децата!

ЛаВар Бол, таткото на ѕвездата на UCLA Лонзо Бол, стана познат по неговите фалби. Но на ЛеБрон Џејмс му дојде преку глава од него.

Лонзо без сомнение е најдобриот играч во колеџ кошарка, иако е само прва година на факултет. Но, ЛаВар е тој што постојано е во центар на вниманието со неговите фалби.

ЛаВар рече дека кога биле млади можел да го победи Мајкл Џордан на „еден на еден“.

Тој вели дека сака договор за патики вреден милијарда долари за неговите тројца синови (ЛиАнџело и ЛаМело Бол ќе му се придружат на Лонзо на UCLA). Корисниците на Twitter редовно го зафркаваат ЛаВар за неговите фалби.

Меѓутоа, неговите последни коментари го изнервираа ЛеБрон Џејмс.

„Не ми ги спомнувај децата, не ми го спомнувај семејството!“, изјави ЛеБрон вчера за ESPN.

„Ова го кажувам како татко на друг татко. Сега веќе станува проблем.“

Причината за ваквата реакција е што ЛаВар ги спомна синовите на ЛеБрон, 12-годишниот ЛеБрон Џејмс Џуниор и 9-годишниот Брајс Максимус Џејмс, во подкастот „In the Zone with Chris Broussard“.

„Земете го ЛеБрон за пример. Ќе им биде многу тешко на неговите деца, бидејќи ќе им викаат ‘мора да бидеш како татко ти’. По некое време, расте притисокот и ќе си помислат ‘зошто да бидам како него, зошто не можам да бидам свој?’ Ќе наидуваат на критики, зошто очекувањата се многу високи“, рече ЛаВар во подкастот.

ЛеБрон на неговата реакција додаде: „Може да зборува за својот бренд, за своите синови, за кошарка, за мене. Ама семејството нека не ми го спомнува.“

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кошарка

Јокиќ брилираше на стартот од плејофот, пирови 37 поени на Дончиќ

Read more

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Read more

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Read more

Дејвис го предводеше Далас до голема победа, Чикаго и Сакраменто елиминирани

Read more
 

Спорт

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе

Консејсаун: Кога Милан освоил два трофеја во една сезона?

Читај повеќе

Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Читај повеќе

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата

Читај повеќе

Лестер испадна од Премиер лигата и продолжи да руши негативни рекорди

Читај повеќе