Леброн ја шокираше НБА: Еден час пред Ол-стар соопшти дека нема да игра

Леброн Џејмс (40), еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, многу ја изненади американската спортска јавност.

Дојде во Сан Франциско и таму во Чејс центарот каде се игра Ол-стар натпреварот присуствуваше на претставувањето на играчите, но само еден час пред натпреварот соопшти дека нема да игра. Со тоа заврши серијата на Леброн од рекордни 20 настапи (2005-2024) на најпрестижното кошаркарско шоу.

„Сè уште чувствувам болка во стапалото и глуждот. За жал, нема да играм вечерва поради тоа. Се надевав дека ќе се чувствувам подобро кога ќе се разбудам, но не беше она на што се надевав. Со оглед на тоа што преостанаа 30 натпревари на Лејкерс од регуларната сезона и нашата желба да притискаме колку што е можно посилно на дивиот, див Запад, сметам дека е важно да се грижам за себе и да разберам што следи.“

Леброн требаше да игра во тимот на Шекил О'Нил во новиот Ол-стар формат заедно со Стеф Кари, Кевин Дурент и Ентони Дејвис, за што неодамна изјави: „Навистина се радувам на новиот формат, ова е прва година како оваа. Знам дека имаме многу одлични играчи. Нè нарекуваат OG (original gangsters), што е супер. Имаме неколкумина со седа коса, така што има смисла. Ќе биде навистина интересно“.

Нов формат на Ол-стар натпреварите

Ол-стар натпреварот вообичаено беше пресметка меѓу најдобрите играчи од Источната и Западната конференција, но оваа сезона има мини-турнир со четири тима, играјќи вкупно три натпревари - две полуфиналиња и едно финале.

Од секоја конференција влегуваа по осум играчи, по што легендите на НБА и денешните стручни коментатори Шекил О'Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит ги избраа своите тимови. Поранешната американска кошаркарка Кендис Паркер имаше тим од нови ѕвезди.

Ноќта од неделата кон понеделникот, избраниците на Чарлс Баркли го совладаа тимот на Кени Смит со 41:32, додека тимот на Шекил О'Нил ги надигра избраниците на Кендис Паркер со 42:35. Во финалето избраниците на Шек славеа со 41:25 над кошаркарите на Баркли.

Вака требаше да изгледаат Ол-стар тимовите:

Тимот на Шекил О'Нил:

Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс)

Ентони Дејвис (Далас Маверикс)

Кевин Дурент (Феникс Санс)

Џејмс Харден (ЛА Клиперс)

Стеф Кари (Голден Стејт Вориорс)

Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс)

Демијан Лилард (Милвоки Бакс)

Џејлен Браун (Бостон Селтикс)

Тимот на Чарлс Баркли:

Никола Јокиќ (Денвер Нагетс)

Шаи Гилгеус-Александер (Оклахома Сити Тандер)

Паскал Сијакам (Индијана Пејсерс)

Карл-Ентони Таунс (Њу Јорк Никс)

Треј Јанг (Атланта Хокс)

Виктор Вембањама (Сан Антонио Спарс)

Алперен Сенгун (Хјустон Рокетс)

Донован Мичел (Кливленд Кавалирс)

Тимот на Кени Смит:

Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс)

Џерен Џексон Џуниор. (Мемфис Гризлис)

Дариус Гарланд (Кливленд Кавалирс)

Кејд Канингем (Детроит Пистонс)

Џејлен Брансон (Њу Јорк Никс)

Џејлен Вилијамс (Оклахома Сити Тандер)

Еван Мобли (Кливленд Кавалирс)

Тајлер Херо (Мајами Хит)

Тимот на Кендис Паркер:

Стефон Касл (Сан Антонио Спарс)

Џејлен Велс (Мемфис Гризлис)

Зак Еди (Мемфис Гризлис)

Риун Дан (Феникс Санс)

Далтон Кнехт (ЛА Лејкерс)

Кејонте Џорџ (Јута Џез)

Трејс Џексон-Дејвис (Голден Стејт Вориорс)

Амеп Томпсон (Хјустон Рокетс).

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Мицкоски: Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци

Read more

Кошарка

Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Read more

Дончиќ маестрален во победата на Лејкерс над Санс

Read more

Дончиќ со рекорден број поени за Лејкерс, Кари испиша историја со бројот на тројки

Read more

Халибартон постигна кош на годината: Тројка за 4 поени и тоа преку Јанис

Read more
 

Спорт

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Читај повеќе

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Читај повеќе

Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Читај повеќе

Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Читај повеќе

Крај на сезоната за Марко Митев

Читај повеќе

Напаѓачите Ристовски и Ќамили отпаднаа поради повреди, Тошевски доби повик

Читај повеќе

Романо: Модриќ има само една желба

Читај повеќе

Ристовски заминува од Динамо?

Читај повеќе

Голем хендикеп за Барселона: Заврши сезоната за младиот Касадо

Читај повеќе