Легендарното „југо“ - Американците му се смееја, а денеска цената му расте

Американците кои порано возеле „југо“, велат дека овој југословенски автомобил никогаш и не бил толку лош, колку што имал лоша репутација.

Некогаш еден од најевтините и најомразените модели што некогаш ги возеле Американците, „југото“ сега станува колекционерски автомобил во САД.

Сопствениците на најпознатиот југословенски автомобил зборуваа за New York Times, а искуствата се изненадувачки позитивни!

„Ќе најдете луѓе кои го сакаат југото поради неговата опскурност, само за да поседуваат нешто што другите не го сакаат“, вели Валери Хансен, која го реставрира моделот од 1984 година увезен во САД.

Remote video URL

Една од причините зошто некои сопственици го засакаа е тоа што може да се поправи „со стап и јаже“, и тоа е добро, бидејќи на „југото“ му треба редовно механичарско внимание.

Покрај тоа, некои веруваат дека автомобилот не заслужува шеги и критики.

„Секогаш ќе имам впечаток дека Џеј Лено лично го ‘уби’ овој автомобил. Никој не сака да поседува нешто што е предмет на потсмев“, објасни Стив Москович, поранешен продавач на моделот „југо“.

„Лено редовно се потсмеваше на малиот хечбек на неговото шоу“, вели тој.

Сепак, факт што често се заборава е дека Zastava добро пројде во својата земја. Произведени се скоро 800.000 примероци на „југо“, а беа понудени повеќе од 10 различни верзии.

Покрај тоа, малиот хечбек ја надживеа Југославија, останувајќи на производствената линија до 2008 година. Во земјите кои се појавија од пепелта на поранешната заедничка држава, „југо“ е сè уште вообичаена глетка.

Јасно е дека тоа не беше автомобил со врвен квалитет, но никогаш не беше насочен кон премиум сегментот.

Пропадна во Америка, бидејќи никогаш не беше дизајниран за 12-часовно патување низ пустините во Тексас, исто како и оригиналното Mini, кое кратко време се продаваше во САД од истата причина.

Гордите возачи кои ги споделија своите искуства во New York Times едногласно се согласија дека „југо“ никогаш не било толку лошо, колку што имаше лоша репутација.

Во последно време, неговата вредност во САД дури започна да расте. Минатата година, еден примерок од 1988 година беше продаден на аукциската платформа Cars & Bids за 6.100 американски долари (5.000 евра).

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе