Легендата Раул Гонсалес ја презеде ракометната репрезентација на Србија

Светскиот ракометен великан Раул Гонсалес Гутиерес е новиот селектор на српската ракометна репрезентација, пренесуваат српските медиуми.

Бомбастичната вест ги воодушеви ракометните фанови во Србија. Репрезентацијата во иднина ќе ја предводи прославеното шпанско ракометно име Раул Гонсалес, кој во својата колекција има освоени трофеи ширум Европа.

Гонсалес (54) го предводеше македонски Вардар до најголемиот успех во историјата, освојувајќи ја Лигата на шампионите во 2017 година.

За неговата репутација во ракометниот свет најдобро говори фактот што со години го водеше Пари Сен-Жермен и со него освои дури 11 трофеи. Беше селектор на македонската репрезентација, а работеше и како асистент во Сиудад Реал и Атлетико Мадрид.

Како што пренесува српски Журнал, преговорите меѓу Ракометниот сојуз на Србија и Гонсалес траеле многу кратко и на оваа одлука се одлучиле челниците на здружението по поразот од Италија во неделата.

Исто така, се известува дека тој потпишал договор на четири години, до крајот на Олимписките игри во Лос Анџелес.

Гонзалес го очекува период во кој полека ќе може да го состави тимот и да се подготвува за продолжението од квалификациите, бидејќи ракометарите на Србија се слободни до март. Потоа ќе играат против сопствената Шпанија.

реклама

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Ракомет

Македонија силна против Катар

Read more

Фер-плејот не е мртов: Де Варгас спречи судијата да му покаже црвен картон на противникот

Read more

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Read more

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Read more
 

Спорт

Македонија силна против Катар

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ја воодушеви публиката жонглирајќи со фудбал

Читај повеќе

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Читај повеќе
  • play_arrow

Хамилтон прв пат возеше болид на Ферари, претставена и неговата нова кацига

Читај повеќе

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Читај повеќе

Денеска завршува претпоследното коло во ЛШ: Меч да се биде или не за ПСЖ и Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Борусија го отпушти Нури Шахин по четвртиот последователен пораз

Читај повеќе
  • play_arrow

На Запад ништо ново: Трипл-дабл на Јокиќ и Леброн за убедливи победи на Денвер и Лејкерс

Читај повеќе