Легенди на Јуве го нападнаа Роналдо поради начинот на кој замина

Двајца легендарни фудбалери на Јувентус не трошеа зборови критикувајќи го Португалецот поради неговото заминување од Торино пред самиот крај на преодниот период.

Роналдо се врати во Манчестер Јунатед напуштајчи го Јувентус на само неколку дена пред истекот на летниот преоден рок. Но, начинот на кој си замина, буквално како да бега, наиде на критика од страна на две легендарни фудбалери на „Бјанконерите“ кои говорејќи за Tuttosport упатија критики кон него. 

„Јувентус заслужува многу поголема почит. Не очекував од Роналдо на ваков начин да избега. Тоа не беше убаво од него“, вели поранешниот стопер Серџо Брио кој за Јуве одгра 385 натпревари од 1978 до 1990 година.

„Секогаш зборувам со почит кон трите клуба за кои играв: Јувентус, Лече и Пистојезе, бидејќи ме донесоа кај нив и веруваа во мене. Кристијано е голем професионалец, но неговото заминување требаше да биде поинакво“, додава тој.

Сепак, тој се согласува дека заминувањето било неминовно, за доброто на двете страни.

„Можеби не се разделија еленгантно, но убеден сум дека одлуката беше исправна и за играчот и за клубот. Доколку некој играч е приморан да остане, може да направи штета кон соиграчите и клубот“, завршува Брио.

Неговото мислење го дели уште едена легенда на „Старата дама“ и тоа Алесио Такинарди кој во Јуве дојде во 1994 година и играше сѐ до 2005. Како играч од средниот ред настапи на вкупно 404 натпревари.

„Роналдо требаше поинаку да си замине, не со приватен авион додека Алегри му се обраќаше на тимот пред натпреварот со Емполи. Очекував прес-конференција на која ќе се збогуваше со навивачите. Тие заслужија поинаков однос“, вели Такинарди.

„Нема повеќе легенди како Дел Пјеро, Тоти, Младини и Занети, но убаво беше да се чуе од Роналдо дека се враќа назад онаму каде што се чувствува како дома“, додава.

„Но, тој го стави Јувентус во тешка позиција, заминувајќи си неколку дека пред крајот на трансфер периодот. Невозможно е да се замени таква гол-машина како него“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе