Лејди Гага како Харли Квин на сетот на Joker: Folie à Deux

Лејди Гага беше фотографирана на снимањето на филмот „Joker: Folie à Deux“ во саботата во Њујорк.

Наградуваната актерка и пејачка, чие вистинско име Стефани Германота, фотографирана е на скалите на Врховниот суд на Окружниот Њујорк во центарот на Менхетен.

Актерката е опкружена од група полицајци, среде толпа луѓе кои носат транспаренти со натписи како „Ослободете го Џокер“.

Гага (36) во сцената е облечена во светлоцрвен блејзер, а под него носи топ со препознатлив црно-бел дезен, кој е заштитен знак на Харли Квин. Костимот е комплетиран со црно кожено мини здолниште и црни хулахопки.

Remote video URL

Продолжението на Joker е во режија на Тод Филипс, кој исто така e со-сценарист со Скот Силвер. Квин е лик кој првично беше замислен како антитеза на злобниот Џокер.

Приказната за нејзиното потекло вели дека била психијатар во азилот Аркам и ја нарекувале д-р Харли Квинзел. Во стриповите таа развива врска со еден од нејзините пациенти, Џокер, и на крајот станува негова соучесничка и љубовница.

Гага не е првата актерка која ја глуми Харли Квин. Марго Роби ја оживеа оваа хероина во Harley Quinn: Birds of Prey од 2020 година.

Хоакин Феникс ја повторува својата улога на Артур Флек и Џокер во продолжението со Гага, заедно со Зази Битс, која повторно ќе ја гледаме како Софи Дамонд. Брендан Глисон и Кетрин Кинер добија улоги за кои засега не се кажува ништо.

Гага, која неодамна настапи на Оскарите во 2023 година, го имаше своето деби на големото платно во Machete Kills од 2013 година.

Таа потоа доби одлични критики и номинација за Оскар за нејзината улога во 2018 година во филмот A Star is Born, пред да глуми во House of Gucci.

Пејачката која го испеа хитот Shallow, исто така, собра пофалби за нејзините појавувања во епизоди на American Horror Story's Hotel и Roanoke.

Joker: Folie à Deux треба да се појави во кината во октомври 2024 година.

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе