ФОРМУЛА 1 2022

Леклер: Имаме префинет болид, Ферари е во добитна позиција

Ф1
МИА
/ 19.04.2022 / 14:02

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е задоволен од болидот и убеден дека тимот е подготвен за нови победи.

– Момците во Маранело завршија одлична работа со изградбата на болидот за оваа сезона. Подготвуваме некои нови ставки и не се сомневам дека ќе бидат чекор во вистинската насока. Затоа, не би обрнувал премногу внимание на противниците, треба да се фокусираме на себе. Ферари сега има многу подобра база на податоци за области каде што треба да се подобри. Во текот на изминатите две години навистина видов скок во анализата на секој викенд. Ги идентификувавме слабостите, брзо реагираме и се обидуваме да ја подобриме ситуацијата. Така што јас сум уверен во тимот и во префинетоста на болидот, изјави Леклер.

Тој проговори за тоа како го доживува лидерството во првенството со удобна разлика.

– Се најдов во оваа ситуација во јуниорската серија, но во Формула 1 тоа значи многу – особено по последните неколку сезони, особено во Ферари. Неверојатно чувство. Се разбира, расположението малку се промени – сега разбрав дека пилотирам болид што може да победи. Нема потреба да преземате големи ризици или да правите нешто посебно за да освоите висока позиција. Треба само да си ја работам работата, истакна Леклер.

По три трки во новава сезона Леклер е лидер во поредокот на возачи во Ф1 шампионатот со 71 освоен бод, пред Џорџ Расел од Мерцедес кој собра 37 и Карлос Саинс од Ферари со 33.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Ф1

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе