Лендерот на НАСА „умира од студ“ на Марс, но уште има надеж

Лендерот InSight на американската вселенска агенција НАСА видел и подобри денови – „умира од студ“ на ниските температури на Црвената Планета.

Роботскиот лендер вреден 800 милиони долари слета на локацијата Elysium Planitia во 2018 година и детектираше над 500 земјотреси на Марс за време на неговиот живот. Благодарение на него, започнаа подетални истражувања за јадрото на оваа планета, а тој исто така проследи повеќе од 10.000 песочни бури на Марс.

Сепак, неговата мисија би можело да заврши поради суровото и студено време на Марс. Лендерот InSight моментално е во режим на хибернација бидејќи инженерите на НАСА се обидуваат да го продолжат неговиот животен век.

Локацијата на која се наоѓа лендерот не е изложена на силни налети на ветер во кои „ужива“ роверот Perseverance. Овие ветрови ја отстрануваат прашината од соларните панели на роботите на НАСА, така што без ветрови, прашината се акумулира и создава дебел слој што ја блокира сончевата светлина. Токму тоа се случи со InSight, па практично е невозможно лендерот да апсосрбира светлина за создавање нова енергија.

Во февруари, панелите на InSight собраа само 27 проценти од вкупниот енергетски капацитет. Инженерите намерно „му наредија“ на лендерот да влезе во режим на хибернација, што значи исклучување на разни инструменти секој ден. Сепак, наскоро ќе мора да ги исклучи сите функции кои не се неопходни за опстанок.

Сепак, има надеж затоа што прекинувањето на научните операции заштедува енергија за да може леталото да ги загрева своите системи и да ги преживее „смртоносно студените ноќи“ на Марс за време на кои температурата паѓа на минус 90 степени.

НАСА соопшти дека количината на енергија во наредните месеци ќе зависи од времето. Во моментов, периодот на хибернација е на половина пат, InSight засега е стабилен, но постои ризик од фатална загуба на енергија. Ако му завршат батериите, тоа дефинитивно ќе биде неговиот крај.

НАСА се надева дека ќе може да го оживее, особено ако не е  „заспан“ или „мртов“ подолг временски период.

Инженерите планираат да продолжат со операциите на лендерот кога Марс ќе биде поблизу до Сонцето во јули годинава. Доколку ја преживее страшната зима на Марс, лендерот може да продолжи да ги следи земјотресите и да го проучува времето и во 2022 година.

Дополнителна опасност во оваа ситуација е можноста од ненадејна песочна бура во следните четири до пет месеци, при што би се насобрало уште повеќе прашина на соларните панели. За среќа, овој период не е сезона на бури.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе