Компанијата Lenovo го претстави новиот 11-инчен Chromebook 3 кој веќе е достапен во продажба.
Chromebook 3 може да се купи за 299 долари од веб-страницата на Lenovo. Новиот модел го заменува 14-инчниот Chromebook 3 кој беше наследник на Chromebook S340.
Новиот 11-инчен лаптоп има подобри спецификации во однос на лаптопот со 14-инчен екран. Меморијата е зголемена од 32 GB на 64 GB.
Достапен е и во нова, оникс црна боја во две нијанси. Новиот лаптоп е достапен со 720p камера и батерија од 42 Wh. Користи Intel Celeron N4020 процесор, пишува The Verge.