Леонардо Дикаприо инвестира во одгледување месо во лабораторија

Актерот и еколог Леонардо Дикаприо стана инвеститор и советник на две старт-ап компании за одгледување месо во лабораторија: холандската Mosa Meat и израелската Aleph Farms.

„Еден од најефикасните начини за борба против климатската криза е да го трансформираме нашиот систем за храна. Фармите за месо Mosa и Aleph нудат нови начини за задоволување на глобалната побарувачка за говедско месо, решавајќи некои од најгорливите прашања на тековното индустриско производство на говедско месо“, рече Дикаприо.

Не е познато колку изнесува неговата инвестиција.

Ова не е негова прва еколошка инвестиција

Познат по својата страст кон животната средина, 46-годишниот Дикаприо е вклучен во се поголем број проекти за заштита на животната средина и инвестираше во напорите за заштита и реставрација. Актерот, исто така, има вложено во неколку компании фокусирани на одржливост и храна со години, вклучувајќи ги брендот за лабораториски произведени дијаманти Diamond Foundry, банкарската услуга Aspiration, брендот растително млеко Califia Farms и веганскиот бренд грицки Hippeas. Ова е првпат Дикаприо да го сврти вниманието кон индустријата за одгледување месо во лабораторија.

Што е месо одгледано во лабораторија?

Месо одгледано во лабораторија или култивирано месо се одгледува од клетки отстранети од животното. Откако ќе бидат изолирани, клетките се хранат со медиум за раст, што предизвикува нивно размножување. На крајот, тие се пренесуваат во структура која им овозможува на клетките да формираат мускул, маснотии и сврзно ткиво што се наоѓаат во парче месо.

Во оваа брзорастечка индустрија, има скоро 100 компании за производство на месо, од пилешко до јастози и рибино месо.

Mosa Meat и Aleph Farms се фокусираат на говедско месо. Холандската компанија во 2013 година го создаде првиот бургер од култивирано говедско месо во светот, кој во тоа време чинеше 325.000 долари. Во текот на изминатата година, компанијата постигна пресвртници во намалувањето на трошоците, првенствено со замена на скапиот и контроверзен медиум за раст, фетален говедски серум. Нивниот медиум за раст веќе не е од животинско потекло.

Aleph Farms го привлече вниманието кон бифтекот од говедско месо, и на почетокот на оваа година ги претстави своите култивирани риби направени со помош на 3D технологија за биопечаток. Тие во моментов се во процес на изградба на пилот-фабрика за производство, што се очекува да биде готова во 2022 година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Вести

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе