Лепињи од компир полнети со печурки и кашкавал

Од пире од компир може да се направат убави и вкусни домашни лепињи, а овој рецепт се прави за помалку од половина час.

Нема ништо подобро од тоа кога ќе послужите домашни лепињи за појадок или вечера. Овој пат ви предлагаме нешто малку поинакво и поедноставно, но исто толку вкусно. Станува збор за лепињи направени од пире од компири и наполнети со печурки и кашкавал. Никогаш не сте пробале нешто подобро, а за подготовка ќе ви треба околу половина час.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 1 голем компир
  • 80 гр скроб од компир
  • 3 прстофати сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица несолен путер од собна температура

За полнењето:

  • 130 гр печурки
  • 20 гр несолен путер
  • 1 чешне лук
  • 1 мал кромид
  • 3 лажици пармезан
  • 100 мл млеко
  • 1 лажица брашно
  • кашкавал
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Во тава растопете го путерот, па пропржете го ситно исечканиот кромид, а кон крајот додадете толчен лук. Потоа додадете ги исечканите печурки и кога малку ќе се испржат прелијте со пармезан и млеко. Промешајте, па додадете брашно и кога смесата малку ќе згусне, посолете и побиберете. Промешајте уште еднаш и тргнете го од шпоретот.

Сварете и испасирајте ги компирите. Потоа додадете сол, шеќер, путер и скроб и сè добро измешајте. Земете малку смеса од компири, разредете ја во раце, па прелијте со фил од печурки и сечкан или рендан кашкавал (може да користите и сирење доколку така ви е повкусно). Обликувајте топка и притиснете малку со раце за да стане како плескавица. Пржате од двете страни во тава на малку загреано масло.

Remote video URL
Тагови
реклама

Рецепти

Докопан во сос од бело вино и сенф

Read more

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Read more

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Read more

Палента со сос од печурки - супер предлог за ручек

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе