Лесни вежби за истегнување на телото
Со оглед на тоа дека сѐ повеќе се зголемува бројот на седечки професии, експертите предупредуваат дека треба да се реагира уште пред да се забележат првите тегоби од долгото седење.
Во новото видео, Памела Рајф ќе ви покаже 15-минутни вежби со помош на кои ќе се ослободите од напнатоста во мускулите поради лошото држење на телото. Овие вежби може да ги правите секој ден пред спиење, а може да бидат корисни и доколку имате воспаление на телото по напорен тренинг.