Летало на НАСА ќе удри во астероид за да му го промени правецот

Кајгана / МИА
/ 26.09.2022 / 08:10

Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) денес ќе изврши проба со контролирано уривање на летало со цел менување на правецот на движење на астероид. Пробата се врши за да се изучат техники за менување на правец на астероид во случај на судир со Земјата.

Вселенската сонда на НАСА наречена DART попладне треба да се урне на Диморфос, помал астероид кој кружи околу Дидимос, поголема вселенска карпа.

Овие два објекта се наоѓаат во близина на Земјата, но не претставуваат непосредна опасност за нашата планета. НАСА го лансираше DART лани за да се тестираат техники што еден ден би се употребиле за планетарна одбрана во случај на пад на голем метеор на Земјата.

Сондата треба да се урне на Диморфос во 19 часот и 14 минути по источноамериканско време, со брзина од 23.000 километри на час.

НАСА ќе го емитува настанот во живо, преносот ќе почне во 18 часот. Притоа, половина час претходно НАСА ќе емитува фотографии од вселенското летало како тоа се приближува до астероидот. Тоа е возможно бидејќи помало летало,  LICIACube , е пуштено паралелно со DART да прави фотографии од судирот.

Во оваа мисија се користат средства одобрени од Конгресот кој во 2005 година даде мандат на НАСА до 2020 година да детектира 90 отсто од сите астероиди во близина на Земјата доволно големи да уништат цел град, a такви се оние со дијаметар од 140 метри или пошироки.

НАСА досега детектираше такви астероиди, но поради кратење на средствата околу 15.000 објекти останува да бидат откриени. 

Тагови
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе