Летечко такси Wisk  - електрично, беспилотно и со домет од 140 километри

Пазарот на летечки такси се очекува да достигне приходи од 150 милијарди долари до 2035 година.

Стартапот Wisk Aero ја претстави шестата генерација на своето летечко такси, целосно електричен авион со четири седишта што може да лета без пилот. Компанијата, во која Boing инвестираше 450 милиони долари, ќе бара одобрение од американската Федерална управа за воздухопловство (FAA) за превоз на патници како дел од комерцијална летечка такси услуга.

Wisk има за цел да стане првата компанија за „напредна воздушна мобилност“ која ќе добие зелено светло од FAA за тестирање на превозот на патници. Според правилата на FAA, авиокомпаниите мора да добијат три типа на сертификати пред да започнат со комерцијални услуги.

Летечкото такси на Wisk има шест подвижни предни ротори, секој со пет сечила, како и шест задни ротори, секој се состои од две сечила и останува фиксиран во вертикална положба. Од компанијата велат дека брзината на крстарење на авионот е 220 км/час, дека има домет од 140 км и дека може да лета на височини од 760 до 1.200 метри.

Remote video URL

Wisk има за цел еден ден да обезбеди услуга за меѓуградско такси што може да се нарача со помош на апликација. Планот е возилото да нема пилот - наместо тоа, со него ќе управува автопилот систем надгледуван од човечки пилот на далечина. Авионот теоретски би полетувал и слетал од платформи лоцирани на врвот на зградите.

Компанијата се надева дека ќе ја лансира својата такси услуга во следните пет години, а кога ќе го направи, тие предвидуваат дека ќе има 14 милиони летови годишно на околу 20 големи пазари ширум светот.

Wisk не е единствениот кој сака да ја стартува оваа услуга. Компаниите како Joby Aviation, Volocopter, Ehang и Archer исто така тврдат дека се блиску до лансирање на летечки такси и успеале да привлечат инвестиции од Hyundai, Toyota, Airbus, Boeing, Bell и Uber. Аналитичарите предвидуваат дека пазарот на летечки такси може да порасне на 150 милиони приходи до 2035 година.

Се разбира, постојат сериозни пречки пред Wisk или која било друга компанија да започне комерцијална услуга. Односот сила-тежина е голем предизвик за електричниот лет. Густината на енергијата е клучен параметар, а денешните батерии не содржат доволно енергија за да ги подигнат повеќето авиони од земјата. За споредба, млазното гориво обезбедува околу 43 пати повеќе енергија од батеријата со иста тежина.

Извршниот директор на компанијата Eviation, чиј целосно електричен патнички авион Alice неодамна успешно го заврши првиот лет, зборуваше за проблемот со денешните батерии.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе