Левица: Денес, оние кои ја нападнаа Македонија, се глорифицирани на ниво на борци за права, a патриотите кои ја бранеа државата се заборавени од властите

Пратеникот од Левица од ИЕ4, Сашко Јанчев, и членови на ЛО Левица – Прилеп денеска положија цвеќе на комплексот „Карпалак” во центарот на Прилеп, во чест на убиените резервисти од 2001 година.

„Бранителите на 08.08.2001 беа начекани во заседа од терористичката УЧК и на кукавички начин, со отворен оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи беа нападнати.

И по 23 години, сѐ уште е 'нејасно' кој и зошто издал наредба за повлекување на полицискиот пункт од Карпалак, без да бидат информирани Генералшабот и Министерството за одбрана.

Ден пред бруталниот масакр, амбасадорот на НАТО е известен од македонски генерал дека постојат диверзантски групи во тој регион, спротивно на договореното. Амбасадорот ваквите дојави ги квалификува како 'медиумска пропаганда'.

После само 5 дена од овој настан, потпишан е капитулирачкиот Рамковен договор“, соопшти Левица.

„И после две децении, ваквиот кукавички чин остана само сива мистерија. Ниту една влада предводена од СДСМ и ДПМНЕ не покрена ниту иницијатива за истрага да се открие што точно се случи тој ден на Карпалак, а владата на ДПМНЕ по барање на меѓународната заедница, ги амнестира тешките злодела со 'бланко амнестија', спротивно на меѓународното право!

Не е поставено ниту достојно спомен обележје на местото на масакрот, посветено на десетте прилепски бранители кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година, иако со години бранителите бараат од властите да се постави споменик. Дополнително, оние што ја бранеа татковината од монструозните злодела, денес се заборавени и живеат како социјални случаи, а терористите се наградени со функции во Владата и Собранието.

Денес, оние што ја нападнаа Македонија се глорифицирани на ниво на 'борци за права', додека патриотите кои ја бранеа државата се заборавени од властите.

Потсетуваме дека воени злосторства никогаш не застаруваат и за да биде правдата задоволена за оние што ја бранеа својата татковина, терористичките извршители мора да одговараат“, се наведува во соопштението на Левица.

Тагови
реклама

Македонија

Нова цена на мазутот, дизелот и на бензините без промени

Read more

Протест на културните работници за задоцнетите мартовски плати

Read more

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 кг небезбедна храна

Read more
 

Вести

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и на бензините без промени

Читај повеќе

Протест на културните работници за задоцнетите мартовски плати

Читај повеќе

Што донесе краткиот прекин на огнот во Украина?

Читај повеќе

Ќе се гради нов Скопски саем

Читај повеќе

Путин нема да присуствува на погребот на папата

Читај повеќе

2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Читај повеќе

На Трамп му паѓа рејтингот

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск

Читај повеќе