Денеска до Уставниот суд политичката опозициска партија поднесе Иницијатива со која ја оспорува измената на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Во Левица сметаат дека предложените измени се спротивни на Уставот бидејќи измените предвидуваат неевидентираните лица по само 5 години упис во паралелната книга, која овој закон ја предвидува, да бидат потоа додадени во матичната книга на родени.
„Протуркувањето на ваков закон токму сега, ги потврдува нашите ставови дека се спрема пописен фалсификат и наштимани резултати“, вели Новица Ристески кој денеска преку видео-обраќање ја соопшти Иницијативата.