Левица: Негрижата на Владата носи човечки жртви - се гледаме во 14 часот пред Влада!

„Сведоци сме на долгогодишната негрижа од страна на министерството за здравство, кое со децении го деградира здравјето на нашите граѓани.

Дисфункционални клиники, дефицит на лекарства, терапии и лекарски кадар, а секојдневно сведочиме и на лекарски грешки, мито и корупција во здравствениот систем, се лекуваме со донации од граѓани додека деструктивната влада на СДС, ДУИ и нивните послушници профитираат со енормни финансиски криминални добивки.

Најранливите здравствени категории на пациенти се оставени на работ меѓу животот и смртта, а нашиот сограѓанин Благојче ја изгуби битката со цистична фиброза, кој десет години молеше за здравствена поддршка, што Претседателот Пендаровски и му ја вети, но нажалост тоа беше само еден ПР за собирање политички поени.

Недозволиво е во услови на достапен лек, пациенти да бидат жртва на немање политичка волја од власта да го зголеми буџетот - додека одбива да ги оданочи милионските профити на банките и троши буџетски средства за сопствени луксузирања!

Претходно Левица реагираше до надлежните ресори сѐ со цел да се одвојат финансиски средства за болните од цистична фиброза, меѓутоа владата и неспособниот министер Сали остана и глув и нем на тие реакции - што за жал, заврши трагично за младиот Благојче.

Левица го поддржува денешниот протест, закажан од 14 часот, и повикува на масовност пред Влада со цел да се спасат нови трагични случаи во иднина", се вели во соопштението на Левица.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Read more

Македонија

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Read more

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Read more

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Read more

Без вода населба Пролет

Read more
 

Вести

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Читај повеќе

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Читај повеќе

Поскапе патарината во Србија

Читај повеќе

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Читај повеќе

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Читај повеќе

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Читај повеќе

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Читај повеќе

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Читај повеќе